Мелсунген не е Вардар

Селекторот на Египет и некогашен тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, го почна новиот предизвик во кариерата.

Тој дебитираше на клупата на бундеслигашот Мелсунген, но не донесе многу новини, бидејќи овој тим им се врати на поразите.

Скапиот Мелсунген дома загуби од Магдебург со 24-27, што е трет пораз во новата сезона.

Парондо не работеше две сезони во клупскиот ракомет, но ако во Скопје беше навикнат само на победи и во Суперлигата и во Лигата на шампионите, во Германија со Мелсунген сигурно нема да оди се како подмачкано.

Следна шанса за триумф, Мелсунген и Парондо ќе бараат на тешкото гостување кај Хановер.