МВП на 22. Коло во Супер машката лига – Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2)

Младиот ракометар на Еурофарм Пелистер 2, Емилијан Ѓорговски, го добива признанието за најкорисен играч, односно МВП на 22 коло од Супер машката лига.

Ѓорговски успеа да освои 40% од гласовите и убедливо беше најдобар во трката со останатите шестмина.

Членот на вториот тим од Битола имаше уште една одлична средба и сè повеќе ги покажува своите квалитети. Со девет гола беше најефикасниот играч во победата против Охрид во последното коло од регуларниот дел.

Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Благојче Трајкоски, Патрик Валчак, Мирко Мајиќ, Марио Танкоски и Ѓорѓе Голубовиќ.