МВП НА 2. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА – МАРТИН ЈОВАНОВСКИ (СТРУГА)

Голманот на Струга, Мартин Јовановски, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 2. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.

Битолчанецот забележа 15 одбрани во натпреварот против Металург и беше меѓу најзаслужните за големиот бод на стружани против скопскиот тим.

Јовановски и во регуларниот дел од сезоната имаше одлични партии, а сега само ја продолжува низата и во плеј-офот.

Тој освои 40% од гласовите, додека и второпласираниот доаѓа од редовите на Струга – Богдан Николиќ, кој освои 19% од гласовите.