МВП на 2. коло во Супер машката лига: Мартин Серафимов (Металург)

Десниот бек на екипата на Металург, Мартин Серафимов сезонава добива далеку повеќе минутажа во првиот тим и од него се очекува да биде еден од оние играчи кои ќе донесат плус повеќе во играта на „металурзите“.

Во 2. коло имаше добра партија, а со тоа продолжи во одлична форма. Тој се најде на списокот на играчи на колото, а во трка со Иван Тасески во фото финиш практично пред 12 часот успеа да ја задржи предноста и да дојде до местото за играч на 2. коло во Супер машката лига.

Серафимов беше прв со 35 проценти од гласовите, а Тасески имаше еден помалку. Зад нив останаа: Дарио Петровски (Пелистер, 7%), Иван Џонов (Пролет, 5%), Златко Мојсоски (Бутел Скопје, 5%), Стефан Талевски (Пелистер, 3%) и Јагош Брауновиќ (Охрид, 2%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)