МВП на 19. коло во Супер машката лига – Мартин Димов (Пролет)

Десното крило на тимот на Пролет, Мартин Димов е новиот ракометар кој се најде на списокот на играчи што се МВП на коло во Супер машката лига. Тој имаше добра средба во 19. коло, а доби над 50 проценти од вкупниот број на гласови во анкетата за избор на МВП во колото.

Зад Димов беше голманот на Вардар, Васил Гогов, кој успеа да стигне до 36,37 проценти од гласовите, но тоа беше недоволно за да успее да парира во гласањето и да може да се избори за првото место.

Во тимот на колото и учесници во гласањето беа и Давор Палевски (Пролет), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2), Стефан Атанасовски (Вардар), Петар Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) и Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер).