МВП НА 13. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ВАСИЛИЈЕ КАЛУЃЕРОВИЌ (МЕТАЛУРГ)

Ракометарот на Металург, Василије Калуѓеровиќ е МВП на 13. коло од Супер машката лига откако доби најголем број на гласови во изборот на читателите.

Интернационалецот од Црна Гора кој настапува на позицијата лев бек имаше одлично издание на средбата против Бутел Скопје кога постигна десет гола.

На оваа средба тој беше во преден план заедно со Златко Хорват со кого имаа по десет погодоци.

Инаку, во гласањето за 13. коло, Калуѓеровиќ доби убедливо најмногу гласови. Тој имаше 38,34 проценти од вкупниот број на гласови така што имаше повеќе од двојно повеќе од второпласираниот Александар Тренчевски од Прилеп.