МВП НА 11. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА – ВАСИЛИЈЕ КАЛУЃЕРОВИЌ (МЕТАЛУРГ)

Левиот бек на Металург, Василије Калуѓеровиќ, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 11. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.

Црногорскиот интернационалец беше меѓу најдобрите поединци, во значајната победа на домашен терен против составот на Охрид.

Калуѓеровиќ игра во добра форма во плеј-офот и даде значаен придонес во триумфот со кој Металург остана во игра за место во Европа.

Тој освои 49% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Евгениј Темелкоски освои 26% од гласовите.