Мајнов: Се насетуваше дека Еурофарм ќе стане голем клуб

Последниот македонски клуб чии дрес носел Лазо Мајнов е Еурофарм Работник. Бекот вели дека уште во почетоците се чувствувало дека овој битолски тим ќе прерасне во голем клуб.

„Од Одорхеи се вратив во Македонија, во Еурофарм Работник, каде одиграв една сезона. Се договоривме да ја продолжиме соработката и ги почнав и подготовките со нив, но добив одлична понуда од Дубаи, а луѓето од клубот ми излегоа во пресрет и ми дозволија да заминам. Се навестуваше уште тогаш дека Еурофарм ќе стане голем клуб. Луѓето беа пресериозни во работата и се виде дека сите чекори што ги прават се долгорочни. Правеа паметни потези и им беше јасно дека екипа не се формира преку ноќ, туку тоа е процес и треба време. Година по година го креваа нивото на екипата и сега со фузијата со Пелистер, преминаа на едно сосем друго ниво, тоа гледаме.“

Целосното интервју со Лазо Мајнов може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЛАЗО МАЈНОВ: Жалам што за Македонија не сум го дал максимумот, должен сум и затоа му се враќам на ракометот