Марјан Начевски со спортската награда за животно дело на Град Скопје

Сојузот на спортови на Град Скопје ја продолжи традицијата што трае повеќе од 50 години и оваа година ги додели наградите „13 Ноември“.

Меѓу лауератите оваа година беше и Марјан Начевски, некогашен ракометар и еден од најдобрите светски судии, а сега делегат. Тој во судиската кариера има судено на 512 меѓународни натпревари од кои дури 20 се финални натпревари од Лигата на шампиони, Светски првенства, Олимписки игри и европски купови како активен судија во пар со Драган Начевски.

Од 2007 е делегат-контролор на елитните натпреварувања во светски рамки. Беше долгогодишен генерален секретар на РФМ, еден од основачите на СЕХА, поранешен претседател на Сојуз на спортови и поранешен претседател на Сојуз на спортски федерации на Македонија

Наградата „13 Ноември“ за спортист на годината ја доби триатлонецот Игор Димовски, додека наградата за спортски работник отиде во рацете на Александар Петровски,  некогашен ракометен репрезентативец, спортски работник и директор на спортски центар „Борис Трајковски”.

Наградата „13 Ноември“ за помагање и поддршка на спортски натпревари и настани му припадна на Дејан Трајковки – началник на МВР, за особен придонес, помош и поддршка на организацијата на програмите на сојузот и воопшто на спортот.