Марјан Колев и Курнон се селат еден ранг повисоко!

Тимот на Курнон Доверњ, кој е предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, во новата сезона ќе биде дел од Втората лига или ПРО лига во Франција.

Откако екипите на Бордо и Мулуз не ги добија потребните лиценци за настап во второлигашката конкуренција, француската федерација ги покани Вилербан и Курнон, да ја пополнат ПРО лигата.

Курнон досега беше дел од Третата лига и под водство на Колев во вториот дел од сезоната имаше успешни резултати.

Во оваа екипа настапуваше и македонскиот чувар на мрежата Даниел Дупјачанец, но тој летово ќе има нов клуб.

Тимот на Курнон во пет сезони, од 2016 до 2021 искачи дури пет нивоа на натпревурвање, а сега со Колев на клупата ќе заигра и втората по квалитет конкуренција во Франција.