Мартин останува во Ростов и следната сезона

Тренерот на Ростов Дон и селектор на женската репрезентација на Русија, Амброш Мартин, го продолжи договорот со рускиот првак.

Тој ја минува втората сезона на кормилото на Ростов, а денеска го продолжи договорот за уште една година.

За време на престојот во Ростов, тој му донесе шампионска титула, еден трофеј во Купот, две во Супер купот, а за првпат рускиот првак играше во финалето на ЛШ.

Мартин дојде во Ростов во 2018 година, откако беше на клупата на Ѓер, цели пет сезони.