Маркусен ќе тресе мрежи за Веспрем (ФОТО)

Раководоството на унгарскиот гигант Веспрем е многу активно во изминатиот период. Откако го договори трансферот на Данил Шишкарев од редовите на Вардар, како и камбекот на Патрик Лигетвари од Ла Риоха, Веспрем го комплетира и трансферот на левиот бек Николај Маркусен.

Данскиот интернационалец настапува за Силкеборг и неодамна го продолжи договорот со овој тим до 2023 година, но Унгарците штедеа пари за оштета, барем така говорат информациите на данската ТВ 2.

Маркусен, кој е висок 211 цм, своевремено соработуваше со Давид Дејвис во Атлетико Мадрид, па јасно е од каде потекнува за идејата за нова соработка. Во Веспрем игра и неговиот соиграч од националниот тим, Расмус Лауге, и нема да му биде проблем адаптацијата во Унгарија.

Веспрем доби уште еден бомбардер од левата бековска позиција, каде ќе формираат дуо со Вуко Борозан.