Марко Тарабокија има нов клуб

Босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија ја заврши потрагата по клуб за новата натпреварувачка сезона.

Тој потпиша договор на една сезона со унгарскиот клуб Дабас, кој има еден од послабите ростери во тамошниот шампионат.

Тарабокија лани беше дел од Металург, имаше опција да продолжи во Автокоманда, но се реши да замине.

Средниот бек беше дел од Загреб, Сесвете, Висла Плоцк, а играше и за Чурго, па потписот за Дабас значи камбек во Унгарија.