Маркоски за 24Ракомет ТВ: Чешка е без главниот пивот, но сите бекови им се опасни (ВИДЕО)

Еден од поискусните во оваа репрезентацијата на Македонија, пивотот Никола Маркоски пред натпреварот против Чешка очекува на овој меч одбраната да понесе голем товар.

Иако ракометарот кој на последниот натпревар задаваше многу проблеми за одбраната не е во тимот, Маркоски смета дека има уште квалитетни играчи кои може да создадат проблеми и дека ќе мора одбраната да биде на ниво.

„На ова првенство го нема главниот пивот на Чешка. Сепак, има многу добри ракометари во оваа репрезентација така што на нас во одбраната нема да ни биде воопшто лесно, а најголемата опасност ќе доаѓа од бековите. Јас на ова првенство сум главно задолжен за дефанзивни задачи додека Столе и Жаре се тие кои добиваат повеќе од времето во нападот. Јас сум тука при транзиција кој треба да истрча и да се постави на пивотменското место“, изјави Маркоски за 24 Ракомет ТВ.

Денешниот дуел од 2. коло во Групата Б меѓу Македонија и Чешка се игра од 16 часот, а само победа е во мислите на репрезентативците на Македонија.