Маркоски даде 12 гола, Струга го освои Куманово

Ракометарите на Струга ја продолжија победничката серија во борбата за опстанок во македонската елита, откако на гостувањето кај Куманово против истоимената екипа триумфираа со 28:25.

Струга во претходните четири дуели во плеј-аут фазата славеше над Вардар Неготино, Радовиш, Јуниор КВ и Скопје.

Стартот на натпреварот им припадна на гостите, кои со погодоците на Лазаревиќ и Бугариновиќ имаа водство од 4:1. Во таборот на Струга следуваше мал пад во играта и домаќините врзаа три гола во низа израмнувајќи на 4:4. Избраниците на Танески кон средината на првото полувреме преку расположениот Маркоски, постигна седум гола во првиот дел, се одлепија на 6:4 и до крајот на полувремето имаа активен резултатот.

Куманово не успеа да направи камбек како во воведниот дел, немаше лидер во нападот, додека гостите со одличната игра на двата дела на теренот во последните десет минути имаа позитива од три до пет гола разлика. По 30 минути игра, резултатот беше 13:9 за тимот на Танески.

Домаќинот во продолжението заигра подобро и по водството на Струга од 17:13, успеа да дојде до гол дефицит, 17:16. Од тој момент се играше гол за гол и во 45-та минута резултатот беше нерешен, 20:20. По налетот на домаќинот, гостите со серија од 5:0 побегнаа на дистанца од ,,плус пет” 25:20. Овие пет гола позитива им овозможи да имаат завршница. Сите обиди на Куманово за евентуално приближување завршуваа без успех.

Одлична партија во дресот на Струга одигра Петар Маркоски, кој беше нерешлива енигма за домаќините. Младиот ракометар ја одигра најдобрата партија сезонава, постигна 12 погодоци. Кај Куманово прв стрелец беше Владан Кастратовиќ со шест реализации.