Марија Николиќ по 19 години кариера му кажа збогум на ракометот!

Поранешната македонска репрезентативка Марија Николиќ по 19 години кариера реши да му каже збогум на ракометот по крајот на минатата сезона.

Како членка на шампионот на јужниот сосед ПАОК Солун, каде мина пет сезони, кружниот напаѓач му кажа збогум на ракометот.

Николиќ долги години беше дел од Металург, пред да се пресели во јужниот сосед, каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата.

Со ПАОК Солун освои четири двојни круни. Ги мина сите младински селекции на Македонија, а долго време играше и за сениорската репрезентација.