Мандалиниќ: Се е можно во Битола – во спортот нема недостижна предност!

Еурофарм Пелистер го загуби првото дерби сезонава во Супер лигата на гостувањето кај Вардар со 27:35. На Битолчани им претстои тешка задача до крајот на првенството да ги достигнат овие минус осум.

Најдобриот играч на Еурофарм Пелистер после дербито имаше свое видување за натпреварот и истакна што треба да променат во иднина за подобри резултати.

„Вардар денес заслужено победи, беше подобар. Очигледно е дека сме во мал пад, навистина не знам што да кажам после ваков натпревар. Му честитам на Вардар, беа подобри во првото полувреме, второто ќе го играме во Битола и мораме многу работи да поправиме… Ќе го гледаме видео материјалот и ќе анализираме каде грешевме. Очекувавме повеќе од овој натпревар ни останува да работиме напорно и да ги поправиме грешките. Мислам дека можеме да ја стигнеме разликата од осум разлика во Битола, во спортот нема недостижна предност и сè е можно. Искрено верувам во момците, ќе играме дома и зошто да не, добро ќе се подготвиме и ќе се обидеме да изненадиме. Мораме да бидеме подобри во сите сегменти почнувајќи од нападот, па потоа одбраната барем за 30-40%. Денеска не го видовте вистинскиот Еурофарм Пелистер, треба да видиме што е причината, дали замор, дали пад на концентрација сега со жешки глави тешко е да се каже.

По повредата се чувствувам добро, немам проблеми, но имаме многу натпревари за краток период па сигурно дека има малку замор. Но, освен заморот има уште многу други фактори, за исходот на еден натпревар. Сега гледаме кон следниот натпревар. Следува натпреварот со Магдебург, имаме два дена за подготовка, а тоа нема да биде доволно. Ни останува добро да анализираме, да тренираме и да се подготвиме па се гледаме во Битола“, рече Стипе Мандалиниќ за 24Ракомет.

На Жељко Бабиќ и неговите играчи им претстои тежок период во кој треба да гостуваат кај Магдебург и да се подготвуваат за натреварите во Супер лигата.