Мандалиниќ: Вардар е топ екипа, но ние знаевме дека можеме да победиме!

Еурофарм Пелистер стигна до злато вредна победа во Скопје против Вардар со 24-23 и го презема врвот на табелата во Суперлигата.

Еден од најдобрите поединци во победничкиот состав беше левиот бек Стипе Мандалиниќ.

„Знаевме дека можеме да победиме, на чело со нашите голмани. Цела екипа беше психички спремна, мислам дека денеска бевме подобри, нема што многу да кажам туку да им честитам на моите соиграчи на победата“.

Хрватскиот интернационалец смета дека иако победија, ништо не е готово околу титулата.

„Имаше многу тензија, од се по малку на крајот паднавме малку, но се вративме брзо и среќни сме што победивме, иако и Вардар можеше да го направи тоа. Можеби прерано се опуштивме, брзо шутиравме , не ја држевме топката. Победивме но ништо не е готово. Вардар е топ екипа, но ние денеска бевме подобри“, вели Мандалиниќ.

Вториот натпревар меѓу овие две екипи се игра на 30 април во Битола.