Манасков фати убав ритам, ги полни противничките мрежи

Репрезентативецот на Македонија во редовите на Веспрем, Дејан Манасков продолжува со добрата форма која ја има од почетокот на сезоната. Тој и на последните натпревари ја полнеше противничката мрежа така што редовно е меѓу најефикасните.

На првенствениот натпревар против составот на Балатонфуреди екипата на Веспрем дојде до победа од 38:11 со што се виде разликата во квалитет.

Ова беше одлична средба за репрезетативецот на Македонија. Тој беше најефикасниот ракометар на теренот. Постигна седум погодоци со кои беше пред другите колеги и само потврди дека продолжува со добрите игри и добрата форма.

Оттаму Давид Дејвис е на слатки маки кога е во прашање поицијата лево крило бидејќи и Манасков и Штрлек се во добра форма.