Манасков: Струшкиот турнир ќе ни биде добра подготовка за СЕХА

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков по шест сезони минати во Рајн Некар  и Веспрем се врати во шампионот Вардар.

Манасков веќе една недела тренира со „црвено-црните“ и вели дека добро се вклопи во системот.

„Веќе една недела тренирам со Вардар, се е како што треба, добро се вклопив во екипата. Доста од играчите ги познавам од претходно, така што не беше тешко да се прилагодам, сите ме прифатија добро. Се подготвуваме за почетокот на сезоната, следната недела не очекува јубилениот турнир. Ќе ми биде драго да настапам таму по неколку години. Еден квалитетен турнир, мислам дека ќе биде добра генерална проба за она што не чека во текот на сезоната, имаме квалитетни натпревари против добри екипи, што од нашето првенство, што од надвор. Ќе го искористиме максимално да влеземе подготвени во ној натпревар против Нексе на 23 август. Полека ќе треба да ја креваме формата, на тој натпревар играме дома, ќе одиме на победа и сакаме да се пласираме на Ф4 во СЕХА“, вели Манасков.

Вардарци од 16 до 20 август ќе бидат дел од Струшкиот турнир, потоа ќе го играат четртфиналниот дуел со Нексе од СЕХА на 23 август, пред да го одиграат и Суперкуп дуелот со Еурофарм Пелистер.