Манасков продолжува да доминира, повторно број 1 во Веспрем

Интернационалецот од Македонија во првенството на Унгарија, кој настапува за екипата на Веспрем, Дејан Манасков одигра уште еден одличен натпревар за својот тим.

Откако во минатото коло постигна рекоред според бројот на голови на една средба сега со девет гола одново беше најефикасниот играч во составот на Веспрем.

Шампионот на Унгарија славеше против Егер како гостин со 40:21.

Оваа победа само ја оправда улогата на фаворит на Веспрем, а резултатот покажува како се одвиваа работите.

Зад Манасков на листата на стрелците со по седум гола останаа Маргуч и Нилсон, додека пет имаше Тонесен. На оваа средба Веспрем настапи само со 12 ракометари од кои двајца беа голмани.