Манасков одличен, Веспрем немаше милост за Мотор Запорожје!

Унгарскиот гигант Веспрем по тесната победа над Монпелје во минатото коло од групата Б во Лигата на шампионите, славеше убедлив триумф во последната рунда.

Избраниците на Давид Дејвис гостуваа во Запорожје кај составот на Мотор и победија со 22-32. Тимот што ќе слави на крај беше познат уште по првиот дел кога гостите обезбедија плус девет, 8-17.

Продолжението од натпреварот беше чиста формалност и непозната беше само конечната разлика во корист на Веспрем, која на крајот беше плус десет.

Најдобар стрелец во победничката екипа беше Гајиќ со пет голови, а нашиот Дејан Манасков играше во првиот дел и даде четири погодоци од пет обиди. Кај Мотор се истакнаа Малашинскас и Денисов со по четири.