Манасков: Може ќе останам во Веспрем, може не!

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Дејан Манасков петта сезона го носи дресот на Веспрем, но договорот со унгарскиот клуб му е со важност до јуни 2022 година. Постои заеднички интерес за продолжување на соработката, но поради повредата преговорите стагнираат. Понуди има и од други клубови, и сите опции се во игра.

„Има заеднички интерес за продолжување на соработката. Со Веспрем бевме во преговори уште лани и се чекаше да се формира буџетот, но повредата малку ја ‘закочи’ работата и засега ништо не знам, можеби ќе останам, може не. Фактот дека сум повреден го прави потежок целиот тој циклус, но ќе видиме. Најважна ми е сега рехабилитацијата, фокусиран сум на тоа, а за клуб ако не останам во Веспрем, ќе најдам нешто друго. Имам и други понуди, се разгледуваат сите опции“, потенцира Манасков.

Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Дејан Манасков.

ИНТЕРВЈУ ДЕЈАН МАНАСКОВ: Порано постоеше ред, сега многу лесно се станува репрезентативец