Манасков и Веспрем загубија кај Алборг но се првите патници на фајнал-форот во ЛШ

Ракометарите на Веспрем го потврдија пласманот на завршниот турнир во Лигата на шампионите иако беа поразени во реваншот на гостувањето кај Алборг со 37:35. Сепак победата од седум гола разлика во првиот дуел беше сосема доволна Веспрем да игра на 7. фајнал фор.

Веспрем имаше контрола во најголемиот дел од натпреварот, ракометарите на Момир Илиќ уште од почетокот беа во водство и постојано одржуваа еден или два гола предност.

Алборг беше немоќен и во текот на првото полувреме ниту еднаш не успеа да стигне до водство иако им беше непходна убедлива победа за елиминација на Веспрем. Во 14. минута гостинскиот тим имаше највисоки 7:10, а до крај на првиот дел се играше многу ефикасно. После првиот дел Веспрем имаше водство од 20:21.

Продолжението не донесе многу промени на теренот, Алборг се обидуваше со игра седум на шест да направи пресврт но ниту тоа не донесе резултат. После петнаесетина минути во вториот дел Алборг конечно стигна до првото водство од 31:30 со голот на Бјорнсен.

Веспрем влезе во кризен период и за десет минути постигна само еден гол, а најзаслужен за тоа беше голманот на Алборг, Симон Гаде кој имаше неколку фанстастични одрбани. До крај на мечот Алборг успеа да стигне до победата но недоволно за фајнал-фор.

Најефикасни во составот на Алборт беа Јул Ласен и Бјорнсен со по девет гола, а седум гола постигна Кристенсен. За Веспрем по шест гола постигнаа Лауге Шмид и Кентан Мае. Дејан Манасков имаше мала минутажа да мечот и не успеа да постигне гол.