Манасков имаше одлична сезона – ја заврши како втор стрелец на Веспрем (ФОТО)

Иако тимот на Веспрем не можеше да се пофали со добра сезона, тоа не важи за македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Тој ја заврши сезоната како втор стрелец во унгарскиот гигант со 166 постигнати погодоци, исто колку што има и Андреас Нилсон.

Прв стрелец е средниот бек Петар Ненадиќ со 172 постигнати погодоци во сите натпреварувања.

Веспрем го освои трофејот само во Купот на Унгарија, а во шампионатот ја загуби трката со ПИК Сегед, додека во ЛШ беше елиминиран од Нант.