Манасков е главен во Веспрем (ФОТО)

Унгарскиот шампион Веспрем последните две средби од Лигата на шампионите и домашното првенство ги одигра без класични леви крила.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и Мануел Штрлек не беа во ростерот, но и покрај тоа Манасков се уште е прв стрелец на екипата по 20 одиграни средби во сите конкуренции оваа сезона.

Тој има постигнато 83 голови на 16 средби, додека на второто место се наоѓа Андреас Нилсон со 73, а третото место го делат Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ со по 68 погодоци.

Веспрем досега одигра 11 средби во унгарското првенство, 7 во Лигата на шампионите и две во регионалната СЕХА лига.