Мала утеха за Раул и ПСЖ, Веспрем си оди дома со празни раце

Екипите на Веспрем и ПСЖ на завршниот турнир во Келн пристигнаа со амбиции да станат европски шампиони, но после вчерашните порази од Кил и Барселона мораа да се задоволат со меѓусебен дуел и борба за третото место.

Поуспешен во мечот за трето место беше фрснцускиот претставник, екипата на ПСЖ која иако имаше послаб старт триумфираше со 31:26.

Почетокот на натпреварот им припадна на избраниците на Дави Дејвис, поведе Веспрем со 3:0 и тоа водство го одржуваше до средината на првиот дел. Голманите на двете страни, Коралес и Жанти има добри изданија и уште во почетните минути собраа по пет интервенции.

ПСЖ успеа да израмни во 18. минута, веднаш потоа и да поведе со два позитива. До крајот на првото полувреме тимот на Раул Гонзалес успеа да обезбеди предност од три гола, 14:11.

Во второто полувреме ПСЖ не дозволи противникот да стигне до израмнување, разликата постојано беше три до четири гола со игра гол за гол. Во 51. минута ПСЖ поведе за првпат со пет гола, 26:21 и веќе беше блиску до победата.

Оваа предност беше доволна за искусниот тим на ПСЖ да стигне до победа и третото место на фајнал форот за сезоната 2019/20. Најефикасни во победничкиот тим беа Елохим Пранди и Недим Ремили со по шест гола, Микел Хансен погоди петпати. Во тимот на Веспрем, Мате Лекаи се истакна со девет гола, а Гаспер Маргуч постигна четири гола.