“Македонскиот” самурај за два месеци ги освои навивачите на Вардар

Екипата на Вардар во неделата го доби суперлигашкиот дерби дуел против Еурофарм Пелистер со 30:25 и покажа дека има квалитет за камбек на титулата во свои раце.

Голема заслуга за освоените бодови против вечниот ривал има ракометарот од Јапонија, Косуке Јасухира, кој во мрежата на битолчани постигна шест погодоци.

“Македонскиот” самирај кој е првиот Јапонец што играл во Вардар и во македонската елита воопшто, во дуелот со Еурофарм Пелистер имаше направено и голем број асистенции.

Јасухира одигра одлично и на 6 септември кога Вардар во Струмица славеше над истиот противник со 30:26 освојуваќи го Супер Куп трофејот. Јапонецот и во тој дуел беше незадржлив на теренот, имаше шест реализации.

Во текот на подготвителниот период Вардар го освои трофејот на 51. издание на турнирот во Струга, откако во финалето против Алкалоид славеше со 25:20.

За најдобар играч на турнирот, односно за МВП, беше избран токму Јасухира, кој само за два месеци ги освои навивачите на Вардар.

Екс шампионот на Македонија ќе има прв шанса да го откупи договорот на Јасухира доколку Висла Плоцк реши да го продава.