Македонска репрезентативка има нов клуб во Австрија

Репрезентативката на Македонија, Матеја Серафимова, која во изминатата сезона настапуваше за Егенбург, реши да остане во Австрија, но ќе брани за друг клуб.

Серафимова ги засили редовите на екипата на Штокерау. Станува збор за екипа која освен на домашна сцена, настапува и во Европа.

Голманката од Македонија со својот нов тим ќе учествува во рамки од Европскиот Куп. Штокерау во втората фаза во Европскиот Куп за противник ја има екипата на Бенфика.

25-годишната голманка во својата кариера настапуваше и за екипите на Металург, ПАОК (Грција), Славија Прага (Чешка), Ринкобинг (Данска) и Макаби (Израел).