Македонија ќе гостува во земјата на „фараоните“, ќе има две контроли со Египет

Машката сениорска репрезентација на Македонија на 31 октомври ќе стартува со подготовките за ЕХФ неделата во која ќе има две контролни средби со репрезентацијата на Египет.

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо ќе ги подготви момците за пресметка со Македонија, а двата натпревари ќе бидат одиграни во Каиро. Овие дуели ќе бидат одиграни на 5 и 6 ноември така што тоа ќе биде можност да се покаже најдоброто од двете селекции.

Во тимот на Македонија на стартот од подготовките ќе има 22 ракометари, па Лазаров ќе има добра можност да ги провери сите играчи на кои ќе смета и за Европското првенство во јануари. На списокот кој вчера беше објавен има уште десет други играчи кои се заведени како резерви така што е јасно дека ова ќе биде ЕХФ недела во која ќе треба да се покаже на кого може да се смета за натпреварите во Унгарија.

Собирот е на 31 октомври, а неколку дена ќе се тренира во Скопје пред да се замине за Египет каде што ќе бидат одиграни двете контролни средби.