Македонија ја продолжува битката за полуфинале, може да решава и гол разликата!

Машката репрезентација на Македонија ја продолжува битката за полуфинале на Медитеранските игри во Алжир.

Следните предизвици за избраниците на Кире Лазаров се селекциите на Шпанија и Турција, утре и задутре, а по тие два меча ќе бидат познати и полуфиналистите.

Ако се знае дека Шпанија и голем фаворит за првата позиција, иако не им ги одземаме шансите на нашите момци пред утрешниот натпревар, многу веројатно е дека вториот полуфинален патник ќе се бара меѓу Македонија и Алжир, бидејќи Грција и Турција се аутсајдери во групата.

Македонија и Алжир одиграа реми на меѓусебниот натпревар, 24-24, па лесно може да се случи гол разликата да решава околу патникот во полуфинале. Јасно е дека ние ќе мораме да ја совладаме Турција во последниот натпревар, а ќе мора да бркаме и висока победа за да имаме добра гол разлика.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија е утре од 18:00 часот, додека мечот со Турција е в петок од 20:00 часот. Во последното коло на 2 јули, нашата репрезентација ќе биде слободна.