Македонија тргна со 4:0, но има минус четири на одмор против Данска

Репрезентацијата на Македонија има негатива од четири гола и резултат од 11:15 после 30 минути игра против репрезентацијата на Данска. Имаше одлично отворање на средбата, но и послабо продолжение во кое противникот успеа да се врати и на одмор да има позитива.

Македонија имаше одлично отворање на натпреварот со 4:0 за шест минути игра со головите на Костески, Пешевски, Талески и Кузмановски. Сепак, она што беше одлично во првите шест минути затаи во следните осум и не бепе постигнат ниту еден гол, а примени четири, па беше нерешено 4:4.

Оттука натпреварот тргна во еден сосема поинаков правец бидејќи откако Македонија поведе одново со 5:4 следуваа два гола од противниците за преземање на водството и постојано контролирање во продолжението.

Во 19. минута дојде до прво водство од два гола на Данска, 9:7 и тука се влезе во еден побрз ритам и наттрчување на теренот при што ракометарите на двете селекции многу брзо ги завршуваа акциите во следните неколку минути.

Првпат три разлика Данска обезбеди на почетокот на 24. минута од натпреварот. Тука веќе беше направен целосен пресврт, а и покрај тоа што Митревски имаше одбрането два пенали тоа не беше искористено на најдобар можен начин.

Во продолжението од првото полувреме имаше моменти кога Данска имаше и плус четири, но Македонија намалуваше на три и имаше шанса и да фати нов приклучок. Сепак, кога требаше да се реализира за да се дојде до помала негатива или беше тешко да се пробие одбраната или не се погодуваше голот, па на одмор беше 11:15.

По два гола на крајот од првото полувреме имаат Пешевски, Талески и Кузманоски, додека по еден погодок постигнаа Митревски, Кузмановски, Костески, Серафимов и Мишевски. Најефикасниот играч на Данска после првото полувреме е Киркелоке со пет гола.