Македонија со триумф на последниот тест пред стартот на Медитеранските игри

Женската репрезентација на Македонија, која е микс на кадетки и младинки, оствари победа на последниот натпревар пред стартот на женскиот турнир на Медитеранските игри.

Избраничките на Љубомир Савевски славеа против Алжир со 27-25, откако на претходните тестови со истиот ривал, Тунис и Хрватска забележаа порази.

Македонија првиот натпревар го игра на 30 јуни против селекцијата на Турција, а во групата се уште Србија и Португалија.

Настапот на Медитеранските игри ќе биде убава прилика за дел од кадетските репрезентативки да ги покажат своите квалитети пред Мундијалот во Македонија.