Македонија му годи: Мирко Мајиќ го продолжува престојот во Бутел Скопје

Левото крило на Бутел Скопје, Мирко Мајиќ, е многу блиску до потпишување на нов договор со сегашниот тим.

Црногорскиот интернационалец, кој е меѓу најдобрите стрелци во тимот на Кристијан Грчевски и меѓу најдобрите во лигата, ќе ја игра петтата сезона во Македонија.

Мајиќ беше член на негогашната МАКС Струмица една сезона, кога овој тим играше во СЕХА, одигра една сезона и во Радовиш, а две во Бутел Скопје.

Се очекува наскоро суперлигашот да ги продолжи договорите со повеќето играчи што настапуваа минатата сезона.