Македонија имаше свој претставник во финалето на Мундијалот

Денеска беше спуштена завесата на Светското првенство за кадетки во Скопје, откако во финалниот натпревар славеше Јужна Кореја против Данска со 31-27.

Македонија не играше на завршните натпревари, но нашата земја имаше свој претставник во мечот за злато.

Тоа беше Драган Начевски, кој беше меѓу делегатите на финалето заедно со Словенката Ања Фрешер.

Во битката за третото место Унгарија со гол од пенал во последните секунди ја совлада Холандија со 27-26.