Македонија доби уште една интернационалка: Јована Софковска се сели во српскиот Бор

Ракометарката на охридскиот клуб Лихнид, Јована Софковска, кариерата ќе ја продолжи во Србија, откако договори соработка со тимот на Бор.

Охриѓанката која игра на десната крилна позиција е подготвена за првиот интернационален предизвик во својата ракометна кариера.

„Големо искушение и еден почеток кој е малку поинаков од останатите кои до сега сум ги имала. Секако, голем предизвик кој го прифаќам со нови сили и силна мотиација за успеси со новиот клуб“, изјави Софковска за „Ohridnews“.

19-годишната ракометарка претходно беше дел од тимовите на Вардар и Металург.