„Македонија го одигра својот најдобар натпревар во историјата“

Ракометната легенда со најмногу настапи во националниот тим, Стевче Алушовски, будно ги следи случувањата во националниот тим.

Од составот на Вардар во тимот на новиот селектор Кирил Лазаров на првиот меч со Данска имаше тројца репрезентативци, Филип Талески, Стојанче Стоилов и Гоце Георгиевски.

„Македонија досега според мене не одиграла таков натпревар! Можеби во ’96 – ’97 кога играше генерацијата на Манасков против Хрватска како олимписки првак, но во поново време не сме виделе таков натпревар. Ова што го покажа Македонија на мечот со Данска е перфекција – многу малку технички грешки, извонредна одбрана, фантастичен голман, фантастичен напад, како по учебник како треба да изгледа репрезентацијата. Имаме светла иднина, имаме млади ракометари кои што можат, кои покажаа дека можат без разлика што се оспорувани. Мислам пред се на Талески, но мал дел од јавноста знае дека тој имаше проблеми со шутерското рамо во изминативе шест месеци и дека во последниве два месеци се обидува да се врати, а јас му давам шанса колку што можам.“

Подолу прочитајте го интервјуто за 24Ракомет со Алушовски…

ИНТЕРВЈУ СТЕВЧЕ АЛУШОВСКИ: Од овој Вардар најдоброто допрва ќе го видиме!