Македонија го дозна распоредот, Словенија е следниот предизвик

Три европски селекции се на списокот на нови противници на репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Египет,  првиот ривал веќе в среда е селекцијата на Словенија.

Саатниците не се одредени уште и тоа се очекува до крајот на денот или утре во претпладневните часови, но веќе се знае каков ќе биде возниот ред за групата 4 која е прва што е формирана од групите за втората фаза.

Македонија в среда игра против селекцијата на Словенија, в петок дуелот е против Русија, а в недела ривал ќе биде Белорусија. Со оглед на тоа што во четврт-финалето одат само првите две селекции мисијата е многу тешка, но важно е да се одигра добро.

Од групата Г каде што беше Македонија пласман обезбедија и Шведска и Египет, додека Русија, Словенија и Белорусија играа во Групата Х.

На новата табела лидер е Шведска со четири поени, три има Русија, по два бода имаат Египет и Словенија, Белорусија има еден поен, а Македонија е без бодови.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ВТОРА ФАЗА

РАСПОРЕД ЗА ГРУПА 4

1.КОЛО (20 ЈАНУАРИ)

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА

РУСИЈА – ЕГИПЕТ

ШВЕДСКА – БЕЛОРУСИЈА

2.КОЛО (22 ЈАНУАРИ)

МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА

ЕГИПЕТ – БЕЛОРУСИЈА

СЛОВЕНИЈА – ШВЕДСКА

3.КОЛО (24 ЈАНУАРИ)

МАКЕДОНИЈА – БЕЛОРУСИЈА

СЛОВЕНИЈА – ЕГИПЕТ

РУСИЈА – ШВЕДСКА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54109
2ЕГИПЕТ54018
3ХРВАТСКА53117
4БАХРЕИН52034
5САД51042
6БЕЛГИЈА50050