Македонија во втор шешир, познат патот до ЕП 2024 година!

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година што ќе се игра во Германија.

Машката репрезентација на Македонија се најде во втор шешир, а ЕХФ ги исклучи од квалификациите Русија и Белорусија, па имаше поместувања во шеширите и две нови селекции – Грузија и Луксембург.

Гледајќи ги можните ривали, Македонија не би требало да има проблеми да се пласира на нов континентален собир. Ќе добиеме само еден посилен ривал од првиот шешир, а во третиот шешир има незгодни селекции од кои не треба да се плашиме, но не треба ниту да ги потценуваме.

Македонија во овие квалификации за првпат ќе биде без Кирил Лазаров и Филип Миркуловски. Ждрепката е на 31 март од 18:00 часот, а квалификациите ќе почнат во октомври годинава.

На ЕП 2024 веќе се пласирани домаќините Германија, како и медалистите од ЕП 2022 – Шведска, Шпанија и Данска, па од 24 остануваат слободни уште 20 места. Пласман ќе обезбедат сите осум пласирани први и втори во осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани.

шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија

шешир 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина

шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција

шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург