Мажеика и Гателис ќе им делат правда на Вардар и Загреб

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од десеттото коло во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар ќе имаат тешко гостување кај хрватскиот првак Загреб, а мечот ќе го судат литвански арбитри.

Станува збор за добро познатите Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис, додека делегат е Томо Водопивец од Словенија.

Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра на 8 декември од 20:45 часот.