Магдебург ја „почувствува“ салата во Битола (ФОТО)

Тимот на Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа против бундеслигашот Магдебург.

Германскиот тим поради строгите ковид мерки во нивната држава, за 24 часа мора да го комплетира престојот во Македонија.

По доцното пристигнување во Битола, ракометарите на Магдебург утрово тренираа во салата „Боро Чурлевски“.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург започнува од 20:45 часот, а веднаш по мечот гостите заминуваат за Германија.