Луксембург означи крај на сезоната и прогласи шампиони

Ракометната федерација на Луксембург е следната на списокот на федерации кои одлучија да го завршат предвреме шампионатот и донесе одлука за прекинување на натпреварувањата.

Преку видео конференција со претставници на 15 клуба беше донесена одлука која е секаковажна бидејќи поради коронавирусот немаше други избор.

Сите се согласија првенството да биде прекинато, а беа прогласени и новите шампиони. Во машка конкуренција титулата оди кај тимот на Еш, додека кај дамите првак стана тумот на Керјенг.