ЛУД ГОЛ од 15 метри: Како Романија ја шокира Шпанија во последната секунда (ВИДЕО)

Во вториот натпревар од првиот натпреварувачки ден од главната фаза во Скопје, Романија беше подобра од Шпанија со резултат 28-27 (12-11).

Во драматичен финиш на две изедначени екипи победи со минимални 28-27 со спектакуларен гол на Базалиу од преку 15 метри.

Сега Романија им се придружи на Шпанија, Германија и Холандија кои имаат по два бода во главната фаза.

Погледнете го лудиот погодок на ол стар левиот бек од кадетското Светско првенство во Македонија од 2014 година…