Лудвигсхафен и Томовски во последната секунда изгубија бод

Македонските интернационалци Мартин Томовски и Филип Миркуловски имаа тешки натпревари со своите клубови во Бундес лигата. Миркуловски и Вецлар гостуваа кај шампионот Фленсбург и не поминаа баш добро, додека Лудвигсхафен на Томовски пред своите гледачи еден бод против Мелсунген.

Мартин Томовски на натпреварот со Мелсунген беше на голот десетина минути за кои успеа да забележи една одбрана, а неговиот тим во последните минути остана без победата. Лудвигсхафен во поголeмиот дел од мечот имаше предност, но на крајот резултатот беше 25:25. Нерешено беше и по првиот дел, 14:14.

Фленсбург имаше доминантно издание против Вецлар и веќе по 15 минути игра најави дека ќе ги освои бодовите кога поведе 11:4. До крајот на полувремето се задржа истата разлика и беше 16:9. Во продолжението домашниот тим лесно го контролираше резултатот и стигна до сигурна победа од 31:27. Филип Миркуловски не успеа да постигне гол на мечот.

Со овој бод Лудвигсхафен останува во зоната на испаѓање со два бода заостанување до најблискиот конкурент, а Вецлар и покрај поразот останува на осмата позиција на табелата по 24 одиграни кола.