Локе пак е бремена, „змиите“ ангажираа замена

Актуелниот шампион во женска конкуренција, Вајперс Кристијансад одлучи да ја засили пикерската позиција со младата репрезентативка на Шпанија, Лиза Чапчет, која има потекло од Камерун.

19-годишната ракометарка во Вајперс Кристијансад доаѓа од екипата на Елче. Таа има мало меѓународно искуство, но се очекува веднаш да се прилагоди за натпреварите од Лигата на шампионите.

Нејзиниот трансфер во Вајперс Кристијансад беше реализиран благодарение на нејзината колешка од шпанската репрезентација, Нереа Пена, која исто така настапува во шампионот на Норвешка.

По добрите препораки до управата на клубот од страна на Нереа Пена, Лиза Чапчет доби одлична понуда која не можеше да ја пропушти. Минутажата во Вајперс Кристијансад ќе ја дели со репрезентативката на Хрватска, Ана Дебелиќ.

Легендарната Хајди Локе е бремена и по третпат ќе стане мајка, па раководсотвото на норвешкиот првак мораше да ангажира нова ракометарка на таа позиција.