Ловќен не запира – го донесе шестото засилување пред новата сезона

Црногорскиот шампион Ловќен пред почетокот на новата натпреварувачка сезона се засили со уште еден нов играч.

Станува збор за перспективниот ракометар Михајло Шчекиќ, кој игра на позицијата пикер и кој пред две недели го имаше дебитанскиот настап за сениорската репрезентација на својата татковина.

20-годишниот ракометар во минатата сезона настапуваше за вицепрвакот на Црна Гора, Будванска Ривиера.

Ловќен претходно се засили со Иван Перишиќ, Мирко Радовиќ, Филип Борозан, Вук Лакичевиќ и Лука Вујовиќ.

Амбициозниот тим од Црна Гора во новата сезона освен на домашна сцена ќе игра и во Европа. Клубот од Цетиње доби директно место во групите од Лига на Европа и ѐ можен ривал на Алкалоид во групната фаза.

Во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе игра и Вардар, но некогашниот македонски шампион ќе стартува од квалификациите и доколку ги мине, тогаш ќе се избегне со Ловкен, бидејќи пред ждрепката двете екипи ќе бидат во ист шешир.