Лијевски: Вардар сигурно ќе подготви нешто за да нè изненади

Десниот бек Кшиштоф Лијевски оваа сезона има двојна улога во тимот на Келце. Освен што е поддршка за Алекс Душебаев и Бранко Вујовиќ на десната бековска позиција, тој му е асистент на Талант Душебаев.

Лијевски има одиграно многу дуели против Вардар, и сега е внимателен пред новата пресметка во Келце.

„Ги анализиравме нашите добри и лоши моменти од првиот натпревар. Вардар би можел да подготви нешто за да не изненади и ние мора да бидеме подготвени за „X Фактор“. Се надевам дека и Талант ќе подготви некое изненадување. Размислуваме како да ја подобриме играта. Мора да имаме силна одбрана, расположен голман и да бидеме мирни во нападите. Само така можеме да ги зголемиме шансите за успех. Вардар е жеден за одмазда“, изјави Лијевски.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар ќе се игра вечерва во салата „Легионово“ со почеток во 20:45 часот.