Листа на стрелци: Палевски уште ја зголеми предноста

Со 17 погодоци на дуелот против Радовиш ракометарот на Работнички, Давор Палевски успеа уште повеќе да ја зголеми предноста во однос на Ивица Илиев кој реализираше 11 пати.

И после 16. коло нема ништо ново така што сè останува исто и останува само да се види со колку погодоци Палевски ќе го финишира овој дел од сезоната.

Инаку, веќе е сосема извесно и како ќе изгледа и првата четворка така што тешко дека ќе има одредени поместувања.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 16. КОЛО)

ТОП 10

181 – Давор Палевски (Работнички)

148 – Ивица Илиев (Радовиш)

104 – Иван Џонов (Пролет 62)

93 – Бобан Блажески (Охрид)

86 – Лука Стојановиќ (Металург 2)

85 – Мартин Поповски (Пролет 62)

85 – Ласко Андоновски (Пролет 62)

85 – Стефан Талевски (Еурофарм Пелистер 2)

82 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

80 – Цветан Кузманоски (Струга)

80 – Милан Поповиќ (Металург)