Листа на стрелци: Палевски продолжува да ги полни мрежите

Екипата на Работнички е пред распаѓање бидејќи поискусните ракометари се веќе заминати, а и оние што останаа се подготвуваат за напуштање на клубот.

Сепак, тоа не е проблем за Давор Палевски да продолжи со полнењето на мрежите на противничките тимови.

Со новите 17 погодоци тој само продолжи со зголемувањето на предноста и веќе има 133 погодоци со кои е далеку пред конкуренцијата. Има предност од точно 17 гола пред Ивица Илиев, а неговиот просек по натпревар во моментов е 11 гола.

Ваквиот расплет на настаните само го водат Палевски кон врвот и дефинитивно тој не би требало да има никаков проблем да успее да остане таму каде што се наоѓа во моментов доколку не се случи нешто непредвидено.

СУПЕР МАШКА ЛИГА (12. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

133 – Давор Палевски (Работнички)

116 – Ивица Илиев (Радовиш)

76 – Иван Џонов (Пролет 62)

73 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

71 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

70 – Стефан Талевски (Пелистер)

70 – Мартин Поповски (Пролет 62)

69 – Лука Стојановиќ (Металург 2)

68 – Филип Кривокапиќ (Охрид)

68 – Филип Николов (Радовиш)