Листа на стрелци: Палевски и понатаму без конкуренција

Ракометарот на Работнички, Давор Палевски на три кола до крајот од регуларниот дел од сезоната сигурно го има првото место кај стрелците така што не се очекува да има поголеми проблеми за да успее да го зачува истото.

Палевски веќе има убедлива предност така што останува само да го потврди првото место на крајот од 18. коло, па сосема извесно е дека нема да има поголеми проблеми за да остане на оваа позиција.

Илиев кој е најблизу има 27 гола помалку и тешко ќе може да го стигне, а двајцата ќе бидат во плеј-аут лигата каде што ќе продолжи нивната трка.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ТОП 10 (ПОСЛЕ 15. КОЛО)

164 – Давор Палевски (Работнички)

137 – Ивица Илиев (Радовиш)

94 – Иван Џонов (Пролет 62)

84 – Бобан Блажески (Охрид)

82 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

82 – Ласко Андоновски (Пролет 62)

81 – Лука Стојановиќ (Металург 2)

79 – Филип Николов (Радовиш/Охрид)

79 – Стефан Талевски (Еурофарм Пелистер 2)

78 – Мартин Поповски (Пролет 62)